Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани за прв пат заеднички организираа настан – Отворени денови за учениците од основните училишта од Кочани и Оризари.
Целта е децата уште од најмала возраст да се запознаат со работата на професионалните и доброволните пожарникари.
На учениците од одделенска настава им беа презентирани броевите за повик во случај на пожар, возилата со кои располага ТППЕ и ДПД – Кочани, а им беше објаснето и во какви случаи интервенираат пожарникарите.
![](https://kanal8.mk/wp-content/uploads/2024/05/deca-pozarna2-1024x576.jpg)
-Децата ги запознаваме со нашата работа, со едукација како да реагираат во случај на опасност. Доколку имаат потреба од нашата единица може да се јавата на бројот 193 или пак на 112, потоа операторот ги насочува кон соодветната служба. Денеска имавме ученици од основните училишта „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ од Кочани и од „Крсте Петков Мисиров“ од Оризари. Утре пак, ги очекуваме учениците од „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“, истакна командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов.
Двете противпожарни единици идната недела ќе го одбележат и Денот на пожарникарите.
-В понеделник, 20 мај, го одбележуваме Денот на пожарникарите. Ги известуваме граѓаните дека околу девет часот ќе имаме дефиле со нашите возила низ улиците во Кочани, додаде Апостолов.
На настанот што ќе се одржи в понеделник во кругот на ТППЕ – Кочани предвидено е доделување на награди на најдобрите професионални и доброволни пожарникари.
![](https://kanal8.mk/wp-content/uploads/2024/05/deca-pozarna1-1024x576.jpg)
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.