Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пожарот кај Соколарци ставен под контрола, огнената стихија зафати површина од над 250 хектари

автор: Т. Ајтовски
16 август, 2023 09:37
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Пожарот кај Соколарци ставен под контрола, огнената стихија зафати површина од над 250 хектари

По 10 часа интервенција ставен е под контрола пожарот во атарот на селата Соколарци, Врбица и Рајчани, што избувна вчера околу пладне.

Во гаснењето интервенираа екипите на Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои добија поддршка и од специјализираните авиони за гаснење пожари „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптери на Министерството за внатрешни работи. Исто така, во гаснењето учествуваа и ТППЕ – Штип и ТППЕ – Свети Николе, вработени во ЈП „Национални шуми“, како и поголем број жители на околните села.

Според првичните проценки опожарена е површина од над 250 хектари, главно нискостеблеста шума и грмушки, но поради непристапноста на теренот и сувата трева, во опасност беа доведени манастирот „Св. Ѓорѓи“ кај Соколарци, неколку сточарски објекти, но и дел од куќите во селото Врбица. И покрај локализирањето на огнот, еден крак во текот на доцните вечерни часови се проширил во правец на пробиштипското село Бунеш, но со соодветна интервенција спречено е повторно разгорување на пожарот.

На теренот каде што се појави пожарот беше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој нагласи дека поради сувата трева огнот се разгорувал многу брзо, а ветерот помогнал огнот да се прошири на различни страни.

– Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а делуваа и два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, истакна Ангелов.

Од противпожарните единици, како и од надлежните служби и од Општина Чешиново-Облешево упатија апел до месното население за поголемо внимание при палење оган на отворен простор, за да се избегнат материјални штети и посериозни последици по здравјето и животот на луѓето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: доброволно противпожарно друштво - кочанипожарсоколарцитериторијална противпожарна единица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ААВМУ во улога на УЈП – дали директорот е опседнат со чесно заработените пари на инфлуенсерите?
Регион

ААВМУ во улога на УЈП – дали директорот е опседнат со чесно заработените пари на инфлуенсерите?

автор: Администратор
26 февруари, 2026 18:19
0

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини упати јавна реакција во врска со изјавата на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ): „Здружението на...

прочитај повеќе
Двочасовна блокада на патот кон Берово – жителите на Блатец обединети против изградбата на мини хидроцентрала
Регион

Двочасовна блокада на патот кон Берово – жителите на Блатец обединети против изградбата на мини хидроцентрала

автор: Т. Ајтовски
20 февруари, 2026 17:03
0

Со двочасовна блокада на магистралниот пат кон Берово, жителите на село Блатец денеска го изразија својот револт против најавената изградба на мини хидроцентрала на реката Блатешница. Протестот, кој...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
13°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NNW
63%
766.57 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?