Денеска, пред 14 часот избувна пожар во семејна куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во централното подрачје на Кочани. Огнените јазици брзо ја зафатија терасата меѓу два објекта, заканувајќи се да се прошират и на соседната куќа.
На лице место интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Поради вдишување чад три лица со возило на итна медицинска помош беа префрлени во Општата болница со проширена дејност – Кочани.

Освен материјалната штета, за среќа во пожарот нема тешко повредени лица.
Противпожарните екипи кои беа ангажирани во гасењето го локализираа огнот два часа по избувнувањето, а се очекува по увидот на надлежните служби да биде соопштена причината за пожарот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






