Во рамки на превентивните активности за заштита и спасување при несреќи и елементарни непогоди, денеска Територијалната противпожарна единица – Кочани и општинската организација на Црвен крст – Кочани организираа показна вежба во ОУ ,,Крсте Петков Мисирков“ – Оризари.
На вежбата, преку практични примери, беше укажано како учениците и вработените во училиштето треба да реагираат во случај на пожар.

По алармот за појава на пожар, учениците и вработените веднаш беа евакуирани во училишниот двор, со што потврдија дека се подготвени за реакција во итен случај.
Во рамки на вежбата, волонтери на Црвен крст им укажаа прва помош на двајца ученици кои биле повредени во избувнувањето на наводната огнена стихија.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.