Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Полициската станица во Виница останува без командир, тројцата предложени кандидати не добија поддршка од Советот на Општината

автор: Т. Ајтовски
25 декември, 2023
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Полициската станица во Виница останува без командир, тројцата предложени кандидати не добија поддршка од Советот на Општината

Полициската станица во Виница уште извесен период ќе остане без командир, откако Советот на Општината на денешната 25 редовна седница не даде мнозинска поддршка за ниту еден од тројцата предложени кандидати.

Министерството за внатрешни работи пред десетина дена достави листа со имињата и кратка биографија за вработените во службата што ги предлага за командир на униформираните полициски службеници во Виница. Кандидати беа Столе Алексов од Кочани и штипјаните Влатко Гигов и Влатко Наумов, кои според образложението ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата, а од нив советниците во рок од две недели по доставувањето на листата требаше да изберат еден.

На седницата имаше кратко образложение за одлуката на Комисијата за мандатни прашања и именувања, според која е дадено позитивно мислење за кандидатот Столе Алексов, за кого поддршка имаше и од градоначалникот Миле Петков.

-Дадов предлог на Комисијата за командир на Полициската станица да биде избран Столе Алексов затоа што го познавам затоа што овде работи, а другите двајца не знам во кој полициска станица се вработени. Од таа причина како предлог го дадов да дојде на Совет за да се изјасне и да заземе став по ова прашање. Во однос на прашањето дали постапката во Министерството е направена согласно закон, ние ниту знаеме, ниту сме должни да коментираме, листата е дадена и ние треба во согласност со неа да се произнесеме, односно да изгласаме или да не изгласаме, истакна Зоран Ристовски, член на Советот на Општина Виница.

-Апсолутно стојам на ставот на советникот Ристовски за предлгот за Столе Алексов, затоа што лично го знам, а според информациите се работи за голем професионалец кој во голем дел има разрешено кривични дела во општина Виница. Полицијата е деполитизирана и треба да избереме човек професионалец за да се зголеми безбедноста во градот, тоа е мое лично мислење, а вие одлучувате за тоа, истакна градоначалникот Петков.

По дискусијата околу предложените кандидати требаше да се премине на гласање, но процедурално беше побарана пауза од десетина минути. Продолжението н седницата по паузата покажа дека гласањето нема да се одвива според претходните дискусии. Кандидатот Столе Алексов, кој беше прв на листата, доби седум гласа „за“, додека осуммина советници беа воздржани. Со оглед дека можеше да се гласа само еднаш, кандидатурата на другите двајца ни не доби можност да се разгледува.

По ваквиот епилог, Министерството за внатрешни работи ќе мора да испрати друга листа за да може на следна седница да се избере командир на Полициската станица во Виница.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: полициска станица - виницасовет на општина виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фондацијата Прогресив Академија од Виница беше домаќин на првата Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија
Регион

Фондацијата Прогресив Академија од Виница беше домаќин на првата Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија

автор: Т. Ајтовски
15 мај, 2025
0

Фондацијата Прогресив Академија, како дел од компанијата „Макпрогрес – Винчини“, беше организатор на првата Лидерска конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“ што денеска...

прочитај повеќе
Граѓанска активност за чистење на јавните површини во рамки на кампањата Генералка викенд се спроведе во општините од регионот
Регион

Граѓанска активност за чистење на јавните површини во рамки на кампањата Генералка викенд се спроведе во општините од регионот

автор: Администратор
9 мај, 2025
0

Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани. Годинава...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 19, 2025 - пон
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NE
78%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/11°C
чисто небо
22/11°C
облачно
23/14°C
неколку облаци
22/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?