Сега се соочуваме со проблеми, немаме доволно луѓе, немаме доволно извршители да ги испратиме во пооддалечените села, немаме технички средства, немаме можности и возила да ги испратиме луѓето на терен, се соочуваме со многу голем проблем. Ќе ве замолам, сите заедно, колку ни е можноста, да можеме да се избориме да го кренеме рангот на Полициската станица – Кочани, да не бидеме на овој ранг каде што сме сега, затоа што овие резултати нема да можат да се подобрат и овие резултати, тешко дека со овие луѓе, со овие услови дека ќе ги подобриме, рече Горан Јакимовски, командир на Полициска станица – Кочани.
Изнесувањето на овие податоци на последната седница на Советот на Општина Кочани, ги обедини советниците од различна политичка припадност, кои искажаа подготвеност да дадат поддршка.
– Во делот на она што се вели Кочани како општина и Полициска станица, заслужува и како заклучок може да се даде препорака, а ако беше министерот за внатрешни работи овде неколку пати во посета, еве можност, кажете дека и советниците и сите како дел од оваа општина ќе дадеме поддршка да се врати на она што личи, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.
– Сакам да ве охрабрам дека градоначалникот презема многу силни активности во врска со лобирање за подигање на рангот на Полициската станица и вие претпоставуваме дека сте информирани за таа работа. Се очекува со новиот предлог-закон за МВР, Полициската станица во Кочани да прерасне во Сектор за внатрешни работи – Кочани. Оттука, апсолутно ја поддржуваме и иницијативата што ја даде колегата Лазо Митев и сметам дека треба да биде како предлог-заклучок едногласно поддржано од страна на сите советници, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.
Предлог-заклучокот го поддржа сите присутни советници на Седницата, а дали Полициската станица ќе го врати рангот на Сектор што го имаше пред 10 години ќе се почека на измените во организациската структура во МВР. Дотогаш, состојбата со криминалитетот и извршувањето на работните задачи, кочанските полицајци ќе мора да ги следат со постојните услови.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=gftirKTQl1o
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.