Полициски службеници од Полициската станица – Кочани на 4 февруари околу 1:40 ч. го лишиле од слобода 64-годишниот Г.Г. од Жиганци, општина Чешиново – Облешево.
Тој е осомничен дека истата вечер околу 23:45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип – Кочани во близина на село Кучичино.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, а повредени лица нема.
Лицето било задржано во Полициската станица во Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава според членот 288 од Кривичниот законик.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.