Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Помина една година откако градоначалникот Илијев ја презеде функцијата

автор: Т. Ајтовски
26 октомври, 2018
во Некатегоризирано
време на читање: 3 мин.
A A

– Имавме доспеани, во моментот на преземањето на функцијата, доспеани обврски од 49 милиони денари, нешто што навистина беше загрижувачко, а во меѓувреме стигнаа фактури за уште 27 милиони денари, со што вкупниот долг порасна на 76 милиони, нешто што многу нè загрижуваше. Благодарение на периодот што следуваше во кој немаше јавни набавки што создаваат нови обврски, ја искористивме можноста да ги вратиме долговите и да ги затвориме вентилите како што се излеваше повеќе одошто е потребно, успеавме со рационализација на трошоците, до крајот на мај, да објавиме дека сме Општина без долгови. Со динамиката со која одиме, со начинот на кој се договорени цените за превоз на учениците и со блок-дотациите што ги добиваме, храбри сме да кажеме дека до крајот на идната година очекуваме најголем дел од обврските за превоз да бидат подмирени. Евентуално ќе ни бидат потребни година до година ипол, максимум, за да ги расчистиме сите долгови и во делот на образованието, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Осврнувајќи се на проектите што беа најавени и што треба да се реализираат во наредниот период, Илијев истакна дека голема пречка била неусогласеноста на Генералниот со деталните урбанистички планови, поради што активностите во изминатата година биле во тој правец.

– Во Кочани, според деталниот урбанистички план немаше планирано градежна парцела каде ќе се гради детска градинка, нешто за што ни е потребна една година за да го измениме планот. Иако уште на почетокот конкуриравме за изградба на детска градинка на повикот од страна на на Министерството за труд и социјална политика, од каде добивме позитивни сигнали дека е можно тоа да биде финансирано од Министерството – ние немавме соодветна локација. Во истиот момент почнавме да работиме и верувајте во понеделникот потврдија дека е завршена ревизијата на урбанистичкиот план за Градска четврт број 9 каде што испроектиравме и детска градинка. Сакаме да предвидиме, односно да проектираме катна гаража во централното градско подрачје со повеќе паркинг места, помеѓу 200 и 300 места, во зависност од просторот што сега се разработува, значи она што ќе ни биде дадено како можност. Една од пречките за барање инвеститор или за конкурирање, аплицирање на некој повик од страна на Владатадосега ни е оневозможено бидејќи ние ниту имаме предвидено, според Деталниот урбанистички план, катна гаража, а уште помалку проект за катна гаража, како и за многу други работи, додаде Илијев.

Илијев рече дека во тек е постапката за решавање на статусот на жителите од Старата касарна, за кои е обезбедена локација за изградба на објекти за нивно сместување, а наскоро ќе бидат отворени и две паралелки за ран детски развој во Кочани и Тркање. Истовремено тој ги повика граѓаните со свои иницијативи да се вклучат во работата на локалната самоуправа, посебно во решавањето на инфраструктурните и други проблеми.

– Таа политика или политичка поделеност, јазовите помеѓу двете политички партии се приметуваат од време на време и во Советот, од причини што навистина проекти што ги нудиме се гласаат, меѓутоа без дебата, нешто што е недозволиво за едно демократско општество. Значи ние нудиме транспарентност, однапред донесуваме буџет и кажуваме која улица ќе се гради, транспарентно, пред да почнеме отвораме дебата, таа дебата е за да видат граѓаните што ние ќе работиме во наредниот период, а советниците да кажат. И да не корегираат, можеби ние грешиме, не таа улица, друга улица има приоритет. За жал, тие одлуки поминуваат без дебата. Да, едногласно, со гласање во Советот, точно така, и тоа покажува дека проектите се добри, меѓутоа иако се добри тие заслужуваат еден вид на дебата, истакна Илијев. 

Иако се уште е рано за планирања во врска со можностите за кандидаирање за уште еден мандат, Илијев смета дека такво нешто не би прифатил.

– Моето место ниту е во политиката и во ваква констелација не размислувам за втор мандат. Размислувам, и желбата ми е ова што го работам да заврши што е можно побрзо и да направам што е можно подобри резултати за граѓаните на општина Кочани и на ништо повеќе, заклучи Илијев.

На крајот од неформалното обраќање во јавноста, Илијев оцени дека за неговото работење, не само за овој едногодишен период, туку и воопшто за целиот мандат, очекува оценка да дадат граѓаните, без разлика дали на локалните избори гласале за него илио не.

T. Ајтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=vAIBT7LT-HE

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
4°C
облаци
облаци
1 m/s, NE
82%
768.07 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/4°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?