Доцна попладнево почна санацијата на дефектот на главната доводна линија за водоснабдување на високата зона во Кочани. Градежна механизација на претпријатието „Калина“ од Оризари работи на пренасочување на коритото на Кочанска Река кај Градскиот пазар, каде што поминува оштетената цевка. Дури потоа екипи на КЈП „Водовод“ ќе можат да почнат со поправката на оштетувањето, односно со замена на цевководот.
Во меѓувреме, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани носат вода со цистерни на неколку пунктови.
Со оглед на сериозноста на дефектот можно е поправката да трае подолго и водата да биде пуштена доцна вечерва или во текот на утрешниот ден.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.