– Нема, оризот е жива катастрофа, 13 денари е килограм арпа, а еден килограм бел ориз е 30 денари. Не можеме да врземе крај со крај. Не ми се сее, не сакам ни да помислам за оризот сега, нема цена, мака е, ова е само голема мака за земјоделците, не останува ништо, рече Коце Николов, земјоделец од Уларци.
-За цената е катастрофално, значи не можеме да се вклопиме никако на тоа што е дадено со она што треба да остане, како остаток го нема. Да извадиш и 500 или 600 килограми од декар, кога ќе падне цената на 12-13 денари, и пченицата да е толку не бива, а не оризот. Нека му ја мислат тие што треба да го извезуваат и што треба да го преработуваат, рече Илчо Стоилов, земјоделец од Облешево.
Проценки на земјоделците се дека во кочанскиот регион веќе со години не се сее ориз на над 10 отсто земјиштето од прва категорија. Нивите се запустени и обраснати со плевел, поради што скапо и тешко ќе биде нивното повторно ставање во функција. Затоа најавите за зголемување на нивите под ориз што ќе се наводнуваат и за враќање на површините што се сееја пред неколку децении, на оризопроизводителите им изгледаат преоптимистички и реално неостварливи.
Дел од нив веќе се преориентирале на пипер, грав и други земјоделски култури чие производство има економска оправданост и им носи некаков приход. Со трошоците за производство и откупните цени на оризот што се актуелни на пазарот, реално е да се очекува да расте бројот на нивите што ќе претвораат во угар и мочуришта.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=VvvgwTUmzfA
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.