И не само кровот, за реновирње и менување се и прозорците, санитарните јазли и гардеробата кои што се во многу запуштена состојба, а во целата сала се чувствува огромна влага поради влажните ѕидови и немањето соодветна вентилација. Одговорните на боречкиот клуб бараат помош од општината и од бизнис секторот во Кочани да помогнат да се направи и целосно реконструира салата бидејќи како што велат сакаме нашите деца да спортуваат, а не им обезбедуваме услови за тренинзи.
-После секој пороен дожд со салата имаме големи проблеми. Прокиснува кровот, санитарните чворови и имаме големи штети. Во понеделникот децата дојдоа на тренинг и заминаа гледајќи колку е поплавена салата. Салата постои 20 години, реновирана е пред 8 години, но веројатно не е добро и стручно направен кровот бидејќи за кратко време протече. Во салата ништо не е инвестирано. Јас сум претстедател на клубот само три месеци и незнаеме од каде почнеме со реконструкција, а деца има и има заинтересираност за спорт. Првично што треба да се реновира е кровот и подот, затоа сакам да апелирам до општината и бизнис секторот во Кочани и сите љубители на спортот ако можат да помогнат заеднички да направиме нешто за децата, рече Ѕвонко Ѓорѓиев, претседател на БК „Спартак“.
Инаку, за борењето како спорт има голем интерес од страна на децата да тренираат, но жално е што немаат услови за такво нешто. Одржуваат тренинзи секој ден во зависност од групите и возраста на членовите, а не плаќаат за тоа ниту днар како што е случај со другите клубови чии членови плаќаат членарина. Додека да се санираат штетите од поплавената сала, со цел да нема прекин во тренинзите на децата вечерва најмладите членови на возраст до 12 години ќе одат за Штип на заеднички тренинзи со БК „Балканец“ од Штип со кој што имаат одлична соработка и им излегоа во пресрет. До крајот на неделата ќе имаат уште еден заеднички тренинг со штипскот клуб бидејќи треба да се подготвуваат за претстојното државно првенство но и за организирање на меморијалниот турнир во Кочани.
Општината е запознаена со поплавената сала и презема активности за санирање на штетите и овозможување подобри услови за спорт на децата, а додека да се санираат работите времено ќе им додели друга сала на располагање со цел да нема прекин во одржување на тренинзите.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.