До 14 август 2017 година пласирани се 220 790 метри кубни а до 14 август 2018 пласирани се 196 210 метри кубни вода што е помалку за 24 588 метри кубни вода. Изразено во проценти потрошувачката на вода за периодот јули август е помала за 10%. Тоа се должи на поволните временски услови за разлика од минатата година и на преземаните активности од страна на КЈП „Водовод“ во однос на тоа што вкупниот капацитет е зголемен за 8% на транспортните пумпи за 15 литри во секунда поради репарација на две транспортни пумпи, една во пумпна станица Грдовци и друга во препумпна станива или Стар филтер. Со репарација на пумпи ќе продолжиме и во иднина, имаме за репарирање уште пет пумпи така што до крајот на оваа и почетокот на следната година ќе ги репарираме сите комплетно, рече Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“ Кочани.
Киров додаде дека очекуваат потрошувачката на вода да остане иста и со тоа потребите за вода на граѓаните и понатаму да бидат задоволени во целост посебно на критичните и повисоките места не се најавуваат рестрикции, освен ако се појават дефекти во водоводната мрежа.
Според Киров дневно има од 11 до 13 дефекти на кои работат и заради кои доаѓа до евентуални прекини во водоснабдувањето но тоа е за краток временски период додека истите да бидат санирани.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.