Oсмоодделенецот Владимир Грчев од Кочани учествуваше на седмата Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржа во Грузија. Тој беше еден од четирите претставници од државата и се здоби со олимписка пофалница.
На олимпијадата учествуваат 95 ученици од 24 европски земји. Тие се натпреваруваа во решавање алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.
Златниот медал годинава му припадна на Дамјан Давков од Штип, додека другите двајца учесници ги делеа само петт поени до освојувањето на олимпискат пофалница.
Македонските претставници меѓу кои се најде и Грчев беа избрани преку целогодишениот циклус натпревари, коишто редовно се организира од страна на Здружението на информатичари на Македонија.
Целта на натпреварот како значаен образовен настан е да го поттикне интересот за информатиката кај децата од помалата возраст во сите земји од Европа и да се овозможи на најдобрите европски млади таленти на оваа возраст да ги покажат стекнатите знаења и вештини во областа на програмирањето.
Следен настан што им претстои на македонските талентирани ученици е Балканската олимпијада по информатика, која ќе се одржи од 29 октомври до 4 ноември во Марибор, Словенија.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.