Канго зад себе остави 7 музички албуми „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995), „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1996) „Проповеди 2“ (1997) и и „Откровение“ (2007) и 4 книги поезија „Воскреснување“ „Вознесување“, „Вдахновение“ и поемата „Распетие“.
Македонската музичка јавност ќе го памети по бројните настапи на концерти и други јубилејни настани по повод одбележување на државни културни и спортски манифестации. Во Кочани Канго ќе го паметат како човек кој со години ги продолжуваше музичките и културните традиции со генерации наназад, оставајќи белег и во членувањето во повеќе музички групи и локални инструментални состави. Како роднокроен автор беше член на ЛК „Копнеж“ при библиотеката „Искра“. Канго беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен и несекојдневен стил на музицирање и облекување поради што го нарекуваа македонскиот Џими Хендрикс.
Социјалните мрежи од утрово беа преплавени со коментари и изразување сочувство до членовите на фамилијата на Канго за смртта на нивниот сопруг, татко и дедо.
Телото на Симеон Иванов Канго во капелата ќе биде изложено на 27 март во 11 часот, а погребот ќе биде извршен во 13 часот на градските гробишта во Кочани.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=9z_FPtuvpxo
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.