Доколку истите се подготвени за училиште. Според МВР ова година имаме 425 деца за упис, но со оглед на тоа дека голем број од тие деца не се во Македонија, очекува да се запишат околу 300 деца во прво одделение. Сите родители кои што ќе добијат покана од училиштата треба да го запишат своето дете во прво одделение, а ако случајно не добијат покана а детето е родено во 2012 година треба да се јават во најблиското училиште, рече Голубинка Ѓеорѓиева, раководител на одделение за јавни дејности во Општина Кочани.
Инаку, од училиштата и од Одделението за јавни дејности од Општина Кочани информираат дека и оваа година Кочани не е влезен во пилот-проектот на Министерството за образование за нова програма, така што и годинава учениците останува да учат по старата наставна програма.
Училиштата се подготвени за прием на нови ученици, а секое дете кога ќе дојде за упис ќе биде тестирано од педагог, психолог и наставник, со цел да се види подготвеноста на идниот ученик за поаѓање на училиште.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=K5RENk8FSiU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.