Болеста јазлеста кожакај говедата беше најизразена во 2016 година кога голем број грла беа заболени и уништени, а оттогаш и започна вакцинирањето на говедата против оваа болест. Минатата година токму поради вакцинирањето болеста ја немаше, па ветеринарните амбуланти така очекуваат и оваа година.
– Од почетокот на вакцинацијата се стремиме да направиме здрав имунитет кај животните и затоа очекуваме да ја нема болеста и оваа година, додаде Атанасов.
Дали секоја година ќе се врши вакцинација ќе биде допрва истакнато согласно годишните наредби што излегуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, додаде Атанасов.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=bedMidWMuJk
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.