Официјално почна примената на новото решениe за двонасочниот сообрaќај на улицата „Димитар Влахов“ помеѓу двете кружни крстосници во „Стришани“.
Поставена е нова патна сигнализација, односно старата е заменета согласно прописите за двонасочниот сообраќај. Ваквото решение е во согласност со ревидираниот Основен сообраќаен проект на оваа улица.

Во текот на денот дополнително се правеше измена и дополнување на сообрќајните знаци, а возачите кои претходно беа информирани ја користeа сообрaќајаната лента за да се упатат кон центарот на градот или кон Пониква.
Дел од граѓаните и сопствениците на дуќани на овој потег искажаа незадоволство од новиот сообраќаен режим, односно поради недостигот на соодветен паркинг простор.
Новинарска забелешка е дека немаше поголеми проблеми во одвивањето на сообраќајот, со исклучок на поединци кои не беа информирани и своите возила ги оставаа на коловозот.

Од Општина Кочани упатија апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените знаци и останатите прописи и правила.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






