По минатонеделните први класје собрани во атарот на Зрновци, денеска жетвата на оризот почна и на полињата во Тркање и Чифлик.
Земјоделската механизација веќе го собра родот на површина од околу 2 хектара оризови ниви во близина на надвозникот кај Тркање, а оризопроизводителите се задоволни од приносот. Според, првичните проценки просекот изнесува околу 800 килограми од декар, што е над очекувањата.
Влажноста на зрното е минимална, за што влијание има сончевото и топло време, поради што реколтата полесно ќе се собере и складира.
Со жетва на оризот почнаа и земјоделците од атарот на Чифлик, каде од изутринава веќе се ожнеани над еден хектар оризови ниви. Квалитетот и количината и таму е на задоволително ниво, а во прибирањето на родот се користат нови комбајни, опремени со механизам за сечкање на сламата.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.