Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Почна жетвата на оризот, првите комбајни влегоа во атарот на Зрновци

автор: Т. Ајтовски
13 септември, 2023
во Кочани, Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Почна жетвата на оризот, првите комбајни влегоа во атарот на Зрновци

Комбајни и земјоделска механизација денеска влегоа во нивите во Кочанско, со што го означија почетокот на жетвата на оризот од овогодишната реколта.

Првите количини оризова арпа се собраа на површините на компанијата „БМФ“ во атарот на Зрновци, а оризопроизводителите искажаа оптимизам од квалитетот и приносот на родот.

-Денеска го ожнеавме првите неколку хектари во месноста Герен и според првичните проценки приносот е за петнаесетина отсто поголем од лани, а исто така и квалитетот на зрното е многу подобар. Водата за полнење на нивите беше пуштена навреме и ги засеавме во средината на април со сортата опале, па токму во оптималниот рок стартуваме со прибирање на производството. Зрното има влажност од околу 25 отсто, што влијае врз намалување на загубите при жетвата, по што ќе следи третман во сушара за да се добие оптималниот квалитет за преработка и складирање, истакна Марјан Ангелов, директор на компанијата „БМФ“.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани, која стопанисува со хидросистемот во источниот регион, нагласија дека наводнителната сезона успешно е реализирана и завршена, со зголемување на површините со ориз за над една четвртина во споредба со првичните проценки.

-Водата во оризовите ниви оваа сезона ја пуштивме на 10 април и точно по пет месеци почна жетвата на оризот, што е за околу две недели порано во однос на минатата година. Со добро планирање и распоред на наводнувањето во текот на летниот период, обезбедена е нормална вегетација на растението кое веќе е созреано и може да се собира, а присуството на комбајните во нивите е потврда за тоа. Наскоро очекуваме жетвата да почне и во атарите на другите села во кочанскиот, но и во виничкиот регион, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Годинава на полињата што се наводнуваат од хидросистемот „Брегалница“ беа засеани околу 3.500 хектари со ориз, од кои според просечниот принос се очекува да се соберат над 22 илјади тони оризова арпа.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: жетваориз

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Шведскиот амбасадор Сулстром ја посети Општина Кочани
Кочани

Шведскиот амбасадор Сулстром ја посети Општина Кочани

автор: Администратор
3 декември, 2025
0

Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се...

прочитај повеќе
Се чисти Кочански Дол за да се спречи опасност од поплавување на куќите кај Општата болница
Кочани

Се чисти Кочански Дол за да се спречи опасност од поплавување на куќите кај Општата болница

автор: Администратор
2 декември, 2025
0

Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 5, 2025 - пет
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
2 m/s, ENE
90%
756.06 mmHg
fri12/05 sat12/06 sun12/07 mon12/08 tue12/09
слаб дожд
10/10°C
слаб дожд
12/8°C
облаци
12/7°C
облачно
10/6°C
облаци
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?