Почна проектот „Сплотеност“ во рамки на активноста за општинско корисна работа во Кочани, што финансиски е поддржан од Програмата за развој на ОН (UNDP).
Во активноста се вклучени 15 лица во повеќе области од социјалните услуги, а 13 од нив беше распишан оглас и тие почнаа со работа. За останатите две лица ќе биде објавен дополнителен оглас.
![](https://kanal8.mk/wp-content/uploads/2023/07/окр3-1024x600.jpg)
Ангажираните лица имаат обезбедена тримесечна обука, а по нејзиното завршување почнуваат со работа.
Главни соработници на проектот „Сплотеност“ се Центарот за социјални работи и Центарот за вработување.
Право на учество во општинско корисна работа имаа сите невработени лица, при што предност беше дадена на оние кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
![](https://kanal8.mk/wp-content/uploads/2023/07/окр2-1024x590.jpg)
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.