Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Почна прскањето со дрон против плевелите во оризовите ниви

автор: Т. Ајтовски
7 јуни, 2023
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Почна прскањето со дрон против плевелите во оризовите ниви

Земјоделците од атарот на кочанското село Новоселани денеска за првпат користеа дрон за прскање со хемиски препарати против плевелите во оризовите ниви.

Примената на оваа современа технологија во оризопроизводството значително ќе им ги намали трошоците, но и времето за примена на хербицидите во заштитата на растението во неговата рана фаза. Освен тоа, не се прави ни физичка штета на обработените површини, затоа што во нивите не се внесува земјоделска механизација.

-Очекувам третманот со дрон да биде многу поуспешен од класичниот начин на прскање против плевели, за што користевме рачни прскалки или моторни пумпи на трактор. Бидејќи веќе нема ни доволно работна сила за рачно прскање, ова е најповолна и најефикасна опција, а третманот се изведува многу брзо. Површина од пет декари со дронот ја испрскавме за десетина минути, а кога би користел трактор или рачна прскалка, освен дополнителни работници, ќе ми требаат еден или два часа, во зависност дали нивата е добро исцедена од водата. Имам 15 хектари со ориз и откако ги видов предностите, целата површина ќе ја прскам со дрон, со што наместо за две недели, работата ќе заврши за три-четири дена, истакна Зоран Станисавов, земјоделец од Новоселани.

Оризопроизводителите засега користат услуга со дрон од трети лица, но веќе размислуваат и сами да набават опрема. Се работи за инвестиција од десетина илјади евра за еден уред, со дополнителни навигациски додатоци заради прецизност во извршувањето на задачите.

-Дронот го набавиме за сопствени потреби, за третирање на пченицата со пестициди, фунгициди и хербициди, а резултатите се повеќе од одлични. Сега нудиме услуга и на други земјоделци. Дисперзијата на активната материја по единица површина е секогаш точна и прецизна до квадратен метар, што значи нема ниту загуба на препаратот, ниту делови од нивата да останат нетретирани. Во светот оваа технологија масовно се користи, а ние иако во почетокот бевме малку скептични, брзо се разубедивме и ги согледавме предностите. Веќе третиравме кај другите жита, а сега почнуваме и кај оризот, истакна Илија Серафимов од Пробиштип, сопственик на дрон за прскање во земјоделството.

При користење дрон за третман на пченицата и другите житните култури се лета со брзина од околу осум метри во секунда и во просек дневно можат да се покријат околу 50 хектари. Кај оризот летањето се изведува двојно побавно, но предност е што нивите се идеално рамни и во просек се третираат по околу 30 хектари дневно.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дронновоселаниориз

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
3°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
81%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?