Општина Зрновци почна со реализација на три инфраструктурни проекти со кои значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, особено за пешаците, но и за водоснабдувањето на месното население.
Се работи на изградба на тротоар на улицата „Илинденска“, која воедно претставува и влез во населбата Зрновци. Исто така се гради резервоар за водоснабдување во Видовиште, со капацитет од 60 кубни метри, со што ќе се направи целина со функционален водоснабдителен систем по претходен изграден нов главен цевковод и каптажа за физичко прочистување. Со тоа децениските проблеми на жителите на ова село ќе станат минато.

Третиот проект на кој се работи е изградба на армирано-бетонска преграда на Морошка Река. Со тоа ќе се добие мини акумулација што ќе се користи за наводнување на дворни и земјоделски површини.
Вкупната вредност на трите проекти изнесува околу 10 милиона денари и се очекува тие да бидат обезбедени со поддршка од новата Влада.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.