Почнаа градежни активности за реконструкција на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани. Во наредните денови ќе се работи на преасфалтирање на коловозот во должина околу 300 метри.
Механизација веќе го отстранува стариот асфалтен слој, по што ќе биде заменет со нов. Времената измена на сообрќајниот режим е во согласност со надлежните служби во МВР. До моментот на завршување на работите сообраќајот ќе се пренасочува по останатите улици. Додека трае реконструкцијата ќе биде поставена содветна сигнализација за извршување на работа на пат.
За поголема безбедност во сообраќајот Општина Кочани ги повикува возачите и пешаците да се движат крајно внимателно и претпазливо, со приспособена брзина на возилата и почитување на сообраќајната сигнализација.
Во текот на 2020 година на оваа улица веќе се извршуваа градежни активности за реконструкција на еден од тротоарите и беа поставени бехатон плочки на потегот од малиот парк кон Градскиот плоштад.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.