Денеска во Кочани официјално почна со работа Музичката школа „Sound Centar“.
Заинтересираните ученици ќе имаат можност да изучуваат музицирање на гитара и ударни инструменти, а наставата може да ја посетуваат сите генерации. Наставник за учениците кои ќе изберат да изучуваат гитара е Воислав Петров, додека со учениците на ударни инструменти ќе работи наставникот Емил Милев.
– Во школата ќе се изучува електрична, акустична, класична и бас гитара, како и ударни инструменти. Наставата ќе се одвива како индивидуални часови и групна настава. Сите заинтересирани, од сите возрасти што имаат желба за музика може да се пријават во училиштето, истакна Воислав Петров од „Sound Centar“.
Освен практична настава, учениците ќе имаат и теоретско предавање. Петров додава дека до сега се задоволни од одзивот на запишани ученици. Школата е лоцирана во подтрибинскиот простор на спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.