На повеќенаменското спортско игралиште „Васе Ангелов“ во Зрновци поплднево почна 11. издание на турнирот во мал фудбал во рамки на Илинденските спортски игри.
Честа да го отворат спортскиот настан годинава им припадна на екипите на „Амфенол“ и „Тркање“. Веднаш по нив се сретнаа и екипите на „Дамјан“ и „Ружи“. Според распоредот на турнирот, планирано е да се играат по два натпревара дневно.

Градоначалникот Борчо Коцев на пријавените им посака да играат фер плеј игра.
-За овогодишното 11. издание имаме пријавено шест екипи, имајќи предвид дека во повеќе општини од регионот има организирано вакви турнири. Сепак сме задоволни од бројот на пријавениете екипи. Општина Зрновци обезбеди финансиски средства за прво, второ и трето освоено место, како и дипломи, пехари и медали за сите учесници. Финалето ќе се одигра на 31 јули, истакна градоначалникот Коцев.

Наградниот фонд за првопласираната екипа е 30.000, за втората 20.000 и за третата екипа обезбедена е паричана награда во висина од 10.000 денари.
Спортскиот настан го организираат Локалната самуправа и Локалниот младински совет на Зрновци. Шесте пријавени екипи се од Зрновци, Тркање и Чешиново-Облешево.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.