Почна 21. Петровденски турнир во мал фудбал. Натпреварите се играат на мултинаменското игралиште во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“.
Традиционално, по повод празникот на градот, овој спортски настан го организира Општина Кочани во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз. Пријавени се 12 екипи, а се игра 5+1 според футсал правилата.
Турнирот го отвори градоначалникот Љупчо Папазов, а честа да го одиграат првиот натпревар им припадна на екипите на „Шери казино“ и „Магнифициент“ од групата А.
– На овие простори започнаа многу фудбалски кариери, се афирмираа многу играчи, но тука и завршуваат кариерите на оние кои што го посветија својот живот на фудбалот, и дадоа придонес за фудбалско Кочани. Да продолжиме во тој дух, пред се да доминира спортскиот дух, пријателскиот, другарскиот, а на самиот крај нека победи најдобриот. Ви поскаувам успешни натпреавари и во исто време го прогласувам 21. Петровденски турнир во мал фудбал за отворен, истакна градоначалникот Папазов.
Се планира да се играат по два натпревара дневно, а победникот ќе биде познат на финалниот натпревар што ќе се одигра на 12 јули – Петровден, кога Кочани го слави својот празник. За најдобрата екипа обезбедена е награда од 60.000 денари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.