Почна 22. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Честа да го отворат годинава им припадна на екипите на „Џинџер бар“ и „Ауто велт“. Натпреварите се играат на мултинаменското спортско игралиште во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“.
Традиционално, по повод празникот на градот, спортскиот настан го организираат Општина Кочани и Општинскиот фудбалски сојуз.
Турнирот за отворен го прогласи градаоначалникот, Љупчо Папазов кој во обраќањето пред учесниците и публиката ја истакна важноста на спортското активирање и негувањето на спортскиот дух кај граѓаните. Повика натпреварите да се играат во пријателска и фер атмосфера и да победи најдобриот.
-Оваа година учествуваат осум екипи. Натпреварите ќе се играат според правилото 5+1. За најдобрите три екипи обезбедени се награди во висина од 60.000, 30.000 и 15.000 денари. Исто така, ќе бидат прогласени и најдобриот играч и најдобар голман, истакна Бранко Богатинов од ОФС – Кочани.
Се планира да се играат по два натпревари дневно, а победникот ќе биде познат на финалниот натпревар што ќе се одигра на 12 јули – Петровден, кога Кочани го слави својот празник.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.