– Ова за нас е многу важно бидејќи овој настан е дел од промоцијата за потенцијалите и можностите на Пониква и на Осоговските Планини. Задоволство ми е што можам да кажам дека патеката, според стручното мислење, е одлична и од овде е нашиот мотив да настојуваме таа да биде впишана во европските норми, а трката да остане традиционална, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Во најниската класа А1150 најбрз на патеката долга 6,4 километри беше Филип Василевски од АКК „Никола Карев“, додека во класата Е1 -1600 прв на целта стигна Марио Велковски од „Кастом кар рејсинг тим“. Даниел Блажевски од АКК „Примо авј“ беше најбрз во класата СП -2000, а првото место во класата Е1 -2000 му припадна на Југослав Милошевски од АКК „Никола Карев“. Во најсилната класа Е1 +2000 победник е Александар Христов од АКК „Примо авј“.
Во екипна конкуренција најуспешни беа возачите од АКК „Никола Карев“ со 28 поени, пред АКК „Кастом кар рејсинг тим“ со 26 и АКК „Примо авј“ со 22 поени.
До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско–брзински трки што ќе се возат во Крушево и на Водно.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.