Делагации од Општина Кочани и Советот на Општината, од локалните партиски ограноци на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, од Здружението на борците и пратениците во македонското Собрание денеска положија свежо цвеќе на спомен обележјата по повод Илинден – Денот на Републиката.
Поклонувајќи се со едноминутна почит, делегациите им оддадоа благодарност на револуционерите од двата Илиндена – 1903 и 1944 за нивните заслуги во создавањето на македонската државност.



©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.