Осврнуивајќи се на дел од реализираните проекти, Димитров рече дека за прв пат по многу години е намалена цената на водата за пиење, обезбедени се 52 милиони денари со кои се реконструира патот Виница – Делчево преку Бигла, а ја спомена и реконструкцијата и изградбата на водоводната и канализациската мрежа во Виница и во дел од населените места во општината. Посебен акцент во своето обраќање пред присутните тој даде за решавањето на социјалните прашања на ранливите категории граѓани за кои ќе се градат социјални станови, како и за меѓународната соработка на Локалната самоуправа со странските, од кои се очекуваат и конкретни резултати.
– Во изминатиот период имавме посети и од неколку амбасадори каде што дел од овие посети како Општина ги искористивме, посебно со амбасадорката на Јапонија каде што договоривме да инвестираат во мал ровокопач во вредност од 30 илјади евра за потребите на ЈКП “Солидарност“. Имавме средба и со украинската амбасадорка и со бизнис заедницата од нашата општина и се надевам дека бизнисот меѓу општина Виница и Украина ќе го интензивираме, што е можно за подобра соработка, додаде Димитров.
На крајот Димитров рече дека и соработката со унгарската амбасада треба да помогне за реконстуркција на дел од училиштето “Гоце Делчев“.
Во рамки на свечената седница на најдобрите ученици од основните и од средното училиште им беа доделни награди во знак на благодарност од Општината и поттик за тие и понатаму да продолжат со таков успех.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.