Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

По повод 80-годишниот јубилеј на македонскиот Црвен крст општинската организација од Кочани организираше свеченост и додели признанија за општините од регионот

автор: Т. Ајтовски
3 март, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
По повод 80-годишниот јубилеј на македонскиот Црвен крст општинската организација од Кочани организираше свеченост и додели признанија за општините од регионот

Под мотото „80 години ние гледаме луѓе“ попладнево во Кочани се одржа свеченост по повод одбележувањето на 80-годишнината од основањето на македонскиот Црвен крст, чиј организатор беше општинската организација на Црвен крст.

На свеченоста присустуваа претседателот на македонскиот Црвен крст, Ромел Велев, градоначалници од општините во регионот, поддржувачи, активисти,  волонтери и други гости, пред кои беше претставен краток историјат од досегашните активности. Притоа, беше нагласено дека свеченоста во Кочани е дел од серијалот манифестациии и настани со кои се одбележува јубилејот, кој својата централна прослава ќе ја има на 18 март во Скопје.

-Хуманоста и хуманитарните активности преку Црвениот крст се познати и егзистираат на нашите територии повеќе од 100 години, обезбедувајќи поддршка за време на балканските и двете светски војни. Сепак, нашето патување како Црвен крст на Македонија почнува во далечната 1944 година, на првото заседание на АСНОМ, кога президиумот преку своето поверенство за социјална политика донел иницијатива за негово формирање на 17 март 1945 година, кога е одржано основачкото собрание. Во изминатите 80 години многу луѓе, многу чинители, многу фактори придонесоа за денешниот лик на Црвениот крст и затоа најпрво голема благодарност до сите претходни генерации на хумани и добри луѓе кои се вградија во оваа организација за денес таа да биде толку убава и успешна, истакна претседателот на македонскиот Црвен крст, Ромел Велев.

Во обраќањето тој ја нагласи соработката со локалните самоуправи без чија поддршка Црвениот крст не би можел да ја исполни својата мисија кон граѓаните, поради што големиот јубилеј се одбележува со посети и свечености во општините.

Присутните на прославата ги поздрави и претседателот на општинскиот Црвен крст – Кочани, Дејан Арсов, кој нагласи дека активистите и волонтерите веќе осум децении одговараат на предизвиците за давање помош на оние на кои им е потребна и продолжуваат да го прават тоа и понатаму.

-Ние сме овде за да го промовираме волонтерството, да обезбедиме услуги за најранливите категории на граѓани, да промовираме мир и толеранцијата. Во овој момент би сакал да изразам благодарност до сите волонтери, членови, поддржувачи и вработени лица кои ја изградија организацијата во изминатите години. Сите овие луѓе веруваа во идејата дека заедно можеме да изградиме во похумано општество за сите нас. Ние сме организација отворена за сите, нудиме човечка поддршка и поддршка на луѓето на кои им е најпотребно, како и место за дружба, нови пријателства, партнерства и соработка, истакна Арсов.

Во рамки на свеченоста, на раководните луѓе во локалните самоуправи на Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево им беа доделени признанија за придонесот во развивањето и јакнењето на хуманоста.

На одбележувањето на јубилејот во Кочани беа претставени и успешни приказни на волонтери, активисти и корисници на услугите на Црвен крст. Притоа, беа нагласени проектите и активностите за помош и нега на стари лица, социјалната поддршка на ранливи категории население, санитарниот транспорт, брзите интервенции при катастрофа, како и здравствената едукација и многу други ангажмани што се клучни за изградбата на хуманата заедница која се грижи за сите свои членови.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина зрновциопштина кочаниопштина чешиново - облешевоцрвен крстцрвен крст - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
26°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, WSW
34%
764.32 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
27/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?