Православните христијани денеска го одбележуваат Велики Петок, што кај народот е познат уште како Велипеток или Распети петок, денот на најстрогиот пост.
Во кочанскиот храм „Св. Вмч. Георгиј“ од утрово верници се поклонуваат пред Светата Плаштаница и палат свеќа за здравје и благосостојба.

Празнувањето на Велики Петок во кочанскиот храм почна утрово со читање на Царските часови и изнесување на поклонение на Светата Плаштаница, а ќе продолжи со вечерно читање на Светите статии, што е закажано за во 18 часот.

За утре, во христијанството позната како Велика Сабота, ќе се отслужи Света литургија, а вечерта со биење на камбаните и традиционално, кај народот познато како кружење околу храмот, на полноќ пред верниците во дворот на храмот ќе биде објавено Воскресението Христово – Велигден.



©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.