– Младинската акциона група, која што понатаму ќе се среќава секој месец, нејзина главна цел ќе биде да зборува за проблемите на локално ниво со кои се соочуваат младите, а главната идеја е да се добие стратегија за млади што понатаму се надеваме дека ќе биде усвоена од Советот на Општина Кочани, рече Мануела Саидова од ЦККЕР “Светла иднина“ – Кочани.
Младинската акциона група ќе биде неформално тело за организирано делување на младите во Општина Кочани.
Тоа ќе треба да го следи процесот на јакнење на младинскиот активизам на локално ниво, да промовира политики базирани на докази, да обезбеди конструктивна дебата со локалните власти и ефикасно вклучување на младите во процесот на донесување одлуки.
T. Aјтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=JM9wYEaGt0M
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.