Искуството од другите градови каде што веќе постои младинска акциона група е позитивно и прво треба да формираме неформално тело а потоа со заеднички активности со општината ќе работиме на решавање на проблемите со кои што се соочуваат младите, рече Мануела Саидова, координатор на проектот.
Пред оваа средба, беше одржана конститутивна средба на која што беа номинирани претставници кои што активно ќе учествуваат во реализацијата на проектот и во нивните активности во младинската акциона група која има за цел да се посвети кон јакнење на младинскиот активизам во Кочани и да предлага мерки и политики насочени кон промовирање на проблемите и потребите на младите пред надлежните локални институции.
Во рамките на проектот предвидени се осум вакви средби на младинската акциона група.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=QoSymzLEkXk
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.