Општина Чешиново-Облешево се вклучува во реализација на проектот „Зајакнување на општинските совети“ и ќе ја одржи првата форумска сесија со граѓаните.
Сесијата ќе се одржи в петок, со почеток од 12 часот во малата сала на ОУ „Климент Охридски“ во Облешево, а можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.
На првата форумска сесија од проектот ќе се дискутира за проекти од областа на социјалната инклузија во општината, вклучувајќи и теми што се поврзани со заштитата на животната средина, управување со ризици од катастрофи, односно од природни непогоди, енергетска ефикасност, родова еднаквост, ранливи групи граѓани, добро владеење и меѓуетничка соработка.

Од Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево ги повикуваат жителите да присуствуваат на сесијата заради што подобро идентификување на приоритетните проекти за кои ќе се добие финансиска поддршка.
Форумските сесии во заедницата, како дел од проектот „Зајакнување на општинсиите совети“, се реализираат во рамки на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.