Ова е трет пат ученици од Малина Попиванова да бидат први на државниот натпревар по информатика.
-Ученикот Даниел Димитровски 7 одделение на одржаниот државен натпревар на Факултетот за Информатички науки и компјутерско инжинерство го освои единственото прво место во силна конкуренција од 20 најдобри ученици од цела држава. Освен освоената диплома за прво место доби ваучер за дообразување од областа на информатиката. Трет пат учествувам како ментор на државни натпревари и трет пат ученикот со кој учествуваме зема прво место, рече Сања Тодорова, наставник по информатика, ментор.
Со оглед на тоа што рангирањето беше на ниво на целата држава ова е голем успех за ученикот како и за училиштето. Учениците од ова кочанско училиште продолжуваат и понатаму да редат успеси како на регионални така и државни натпревари.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=dxQZGf_UWnI
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.