Последна информација ми е дека до 20 март треба да не известат дали ќе учествуваме. Неизвесно е бидејќи ние во Македонија уште немаме формирано наша лига и со тоа немаме лиценца за натпреварување на Европското првенство, истакна Гордан Анастасов, ментор.
На натпреварот во Словенија учениците се натпреваруваа во силна конкуренција од најдобрите тимови од повеќе европски држави, а организацијата била на високо ниво. За учениците ова е уште едно големо искуство и на нивно задоволство се вратија со одлични резултати, особено што на натпреварување од ваков ранг учествуват прв пат.
Инаку, учеството на натпреварот на First Lego лигата што се одржа во Белград беше финансиски поддржано од Ротари клубот Кочани – Виница, а патувањето за Словенија финансиски го помогна Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=0_U2FbMspt4
{backbutton}
©2023 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.