Со оглед на тоа што годинава во Кочани има околу 320 завршени деветоодделенци, до крајот на уписите и не се очекува драстична промена во однос на бројката на пријавени ученици.
Во Гимназијата годинава има место за 272 ученици распоредени во 8 паралелки, а во СОУ „Гошо Викентиев“ со новите профили воведени од лани, 442 ученици распоредени во 10 паралелки. Резултатите за упис во средните училишта и бројот на слободни места ќе бидат објавени на 20 јуни.
Второто пријавување од првиот уписен рок е на 28 јуни, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени на 29 јуни. Пријавувањето и запишувањето во августовскиот уписен рок ќе биде на 23 август а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 август.
Критериуми за избор се средниот успех на ученикот од 6 до 9 одделение, како и средниот успех постигнат по четири предмети – мајчин и странски јазик и два предмети што се од зачење за струката, средна вредност од поени за поведение, како и дипломи од освоени места на државни и меѓународни натпревари.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.