Водени од мотото „Подобро да се превенира, отколку да се интервенира“, а во рамки на своето превентивно дејствување, Доброволното противпожарно друштво од Кочани денеска спроведе активност за информирање и предупредување на граѓаните за опасноста од пожари на отворено.
Во соработка со Одделението за внатрешнин работи – Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување волонтерите делеа флаери со информации за тоа што се пожари на отворено, како да се избегнат, односно доколку веќе настанат како да се реагира. Притоа, на возачите им беше поделена и флаширана вода на којашто исто така имаше порака како да се однесуваме во природа.
Од страна на ДПД – Кочани во оваа акција беа вклучени тројца членови и едно возило, кои во периодот од 9 до 11 часот беа лоцирани на крстосницата кон село Бели на регионалниот патен правец кон Пониква.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.