На пример, гледате филм во кој што има многу убиства и крв. Немојте да мислите дека тој филм нема да остави последици врз вас. Напротив, ќе остави големи последици. Едноставно треба да го исклучите и да не дозволите тоа да влезе во вас бидејќи вашиот ментум почнува да размислува но прави и една реакција на организмот која е непријатна и се вика стрес. Тој стрес во нас прави револуција. Главниот стресоген фактор во Македонија е егзистенционалниот. Несигурноста во нашето секојдневие во нашето постоење прави стресогена ситуација, истакна Методи Чепреганов, невропсихијатар – епилептолог.
Професор Чепреганов ја искористи можноста и да направи една мала промоција и на светската енциклопедија што ја промовираше и во емисијата „Здравјето е се“ на Канал 8 телевизија а во чии рамки делот за епилептологијата го пишува токму професор Чепреганов.
Настанот беше во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Општина Кочани и истиот беше отворен за сите граѓани. На крајот од предавањето присутните имаа можност да постават прашања во врска со темата за стресот и неговото влијание врз здравјето.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.