Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Предаден во употреба клонот „Детелинки“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ лоциран во населбата Драчевик

автор: Т. Ајтовски
2 јануари, 2026 15:10
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Новиот клон на градинката во Кочани технички е комплетиран, се чека решение за употреба од Министерството за социјална политика, демографија и млади

Клонот „Детелинки“ на детската градинка „Павлина Велјанова“, изграден во населбата Драчевик, по повеќегодишно најавување и исчекување конечно е пуштен во употреба.

На предавањето во употреба на клонот на градинката присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што по подолг период објектот ќе може да се користи за намената.

На радост на најмладите и на нивните родители, објектот чија изградба почна во март 2020 година со финансиска поддршка од тогашната Влада, е ставен во функција и наскоро ќе прими дел од децата во Кочани кои беа на листата на чекање.

-За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така и овој објект овде во Кочани. Долго време беше потребно за да биде пуштен во употреба целосно.  Конечно, после сите перипетии во минатото, имаме објект којшто е функционален и полн со дечиња, со вработени, којшто ќе има навистина хумана задача и јас се радувам секогаш кога најмладите, најсаканите ќе можат да ги поминуваат своите најубави детски години во ваков тип на современи објекти како што е овој тука, истакна премиерот Мицкоски.

.Новиот клон на градинката во Кочани е комплетиран со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади

-Овој, еден прекрасен објект, кој што за жал долго време мораше да помине за да биде реалност за дечињата, меѓутоа денеска гледате дека имаме го имаме детскиот џагор токму во оваа детска градинка. Благодарност голема до премиерот за сето она што го прави Владата, за сите оние проекти коишто нѐ поддржуваат како министерство да имаме можност да ги реализираме во изминативе година половина меѓутоа и она што е како план и во следниот период. Тоа значи дека Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка од Владата, со поддршка од сопствениот буџет и на сите оние други капитални дотации кои што ги имаме во рамките на нашите на нашата можност е дека 40 објекти се веќе распишани постапки за јавни набавки се доградуваат, реконструираат ил исе изградуваат нови, истакна Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов упати благодарност за поддршката од државниот буџет за реалзиацијата на проектот на новиот клон на градинката.

-Овој нов клон „Детелинки“ при детската градинка „Павлина Велјанова“ е директен одговор на потребите на нашите сограѓани, на нашите најмлади, на нивните родители и на нашата иднина. Исто така, овој објект денес промовира и е резултат на една заедничка визија и симбол како може да има една многу солидна синергија помеѓу централната и локалната власт. Како прво, ќе се намали листата на чекање за прием на децата во градинките, ќе се зголеми бројот на згрижени деца во градинките, ќе се олесни секојдневието на нивните родители и ќе се овозможи еден европски стандард за престој, учење и развој на нашите најмили. Објект кој се простира на 1.000 квадратни метри институционален простор и околу 2.500 квадратни метри дворна површина ќе згрижува повеќе од 120 дечиња, истите ќе се на возраст од 9 месеци до 6 години, ќе отвори нови 20 работни места за нашите сограѓани и ќе е многу поблизок пристап за родителите кои ги носат своите дечиња во оваа градинка од овој регион, истакна Грозданов.

Во рамки на предавањето во употреба на новиот објект, дечињата од градинката приредија пригодна свечена програма.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
7°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, ESE
79%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?