Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Презентација на прскање со дрон во оризопроизводството организираше компанијата „БМФ“ 

автор: Т. Ајтовски
7 јули, 2023
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Презентација на прскање со дрон во оризопроизводството организираше компанијата „БМФ“ 

Компанијата „БМФ“ од Зрновци денеска организираше презентација за користење модерна технологија во земјоделството, односно во оризопроизводството во кочанскиот регион и пошироко. Употребата на дрон за прскање со заштитни препарати, за расфрлање вештачко ѓубриво, како и за други намени во земјоделското производство беше претставена пред оризопроизводителите кои располагаат со поголеми површини и можат да остварат содветна ефикасност со оваа технологија.

Презентацијата се одржа на оризовите површини на регионалниот пат кон Грдовци, а за карактеристиките на леталото и начинот на неговата употреба зборуваа претставници на фирма од Бугарија, која е увозник на овој вид летала за државите од Балканот.

Дронот е со пречник од над два метра, најголема ефикасност при прскањето има на висина до три метри, а во зависност од капацитетот на батериите во воздух може да остане до дваесетина минути.

-Имаме можност да видиме како без никакви препреки можат да се употребуваат препаратите на современ начин. Се работи за дрон кој има носивост од 40 литри течност, со голем домет на летање и многу апликации, со можности за прскање, за ѓубрење,  за мониторинг и добивање на сите потребни податоци за успех во земјоделството. Кај нас има заинтересирани, имаме можности и сите услови за да почнеме со примена на модерната технолгија во земјоделското производство, истакна Сотир Ангелов од компанијата „БМФ“.

Бугарските претставници на фирмата увозник нагласија дека современата технологија сè повеќе го заменува класичниот начин на работа, со што се добива поголема ефикасност и брзина.

-Денеска прскаме со дрон наменет за потребите во земјоделството, тој е од марката XAG, од кинеско производство, од една фирма што во моментот е лидер во производството на дронови за прскање. Леталото одговара за прскање ориз, зеленчук, пченица, пченка, сончоглед, како и за лозја. Во Бугарија годинава имаше обилни врнежи и многу земјоделски производители преминаа на прскање со дрон затоа што можат во нивата да влезат и да прскаат тогаш кога навистина е потребно, а не кога ќе можат. Има различни видови, за земјоделци со неколку стотини декари градинарство, до неколку илјади хектари со зрнести култури или ориз, има различни конфигурации на дрон, со различна литража на носивост, од што зависи и цената. Важно е да се каже дека дронот денес е достапен за секој земјоделски производител. Цената зависи од тоа колку батерии, кога зборуваме за електричен дрон, колкав му е резервоарот за течност, колку генератори ќе има за полнење на батериите во полето, и може да чини во опсег од 20 илјади до 50 илјади евра, истакна  Тодор Шишков, претставник на фирмата увозник од Бугарија.

Присутните на презентацијата искажаа голем интерес за начинот на примена и можностите што ги нуди користењето на дронот во земјоделството, при што беше изнесен став дека исплатливост и ефикасност во набавката може да се постигне со здружување во инвестицијата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дронземјоделствооризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 јуни, 2025
0

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска почнаа градежните работи за реконструкција, со што ќе се обезбедат подобри услови...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ почнаа да даваат искази во Јавното обвинителство во Кочани
Кочани

Обвинителен акт против 34 лица и три правни субјекти поднесе Обвинителството за пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
13 јуни, 2025
0

Обвинителскиот тим кој беше ангажиран во истрагата на пожарот во „Пулс“ го анализирал целокупниот прибран доказен материјал и денеска до Основниот суд во Кочани поднесе Обвинителен акт против...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
24°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SW
42%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?