Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Премиерот Мицкоски додели клучеви од становите за граѓаните од ранливите категории и ја предаде во употреба новата градинка во Кочани

автор: Т. Ајтовски
1 февруари, 2025 14:09
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Премиерот Мицкоски додели клучеви од становите за граѓаните од ранливите категории и ја предаде во употреба новата градинка во Кочани

Семејствата во социјален ризик од општина Кочани денеска ги добија клучевите од становите во третата социјална зграда како инвестиција на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор.

На предавањето во употреба на становите присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николовски, заменик министерот за социјална политика, Ѓовко Велковски и директорот на акционерското друштво, Марјан Стефановски. Објектот има 35 станови со површина од 35 до 45 квадратни метри, а наменети се за граѓани од ранливите категории.

-Задоволство е кога се пушта во употреба ваков објект и кога имаме корисници коишто се задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да им доделам клучеви на едно семејство и на еден корисник на социјални станови со што правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме така, истакна премиерот Мицкоски.

За комплетирање на третата социјална зграда во Кочани се инвестирани 72 милиона денари, а вицепремиерот и министер за транспорт Николовски најави дека наскоро вакви станови ќе добијат и граѓани во Велес и во други општини.

-Во моментов работиме на довршување или на изградба на социјални станови во Прилеп, Македонска Каменица, опшптина Сарај и Бутел во Скопје. Исто така, работиме и на реализација на комерцијални станови, јавноста е запозната дека комерцијалната зграда што се гради во Битола ќе биде понудена на продажба по цени коишто се реални. Тоа е илјада евра за метар квадратен станбена површина, 500 евра за метар квадратен за гаража и деловните простории по две илјади евра за метар квадратен. Со тоа би можело да се влијае на енормно високите цени на пазарот за недвижности, истакна Николоски.

Беше најавено дека комерцијални станови по пониски цени со средства од државниот буџет ќе градат и во Охрид и Скопје, а целта е да се влијае врз нормализирањето на цените на станбениот простор, со оглед што многу млади семејства немаат можност да плаќаат по две ипол илјади евра за квадратен метар.

Премиерот Мицксоки присуствуваше и на предавањето во употреба на петтиот клон на детската градинка „Павлина Велјанова“, лоциран во населбата Драчевик во Кочани. Изградбата почна пред пет години во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го реализираше тогашното Министерството за труд и социјална политика, а со финансиска поддршка од Светска банка.

За изградбата на објектот Општина Кочани доби грант од околу еден милион евра, а имаше и сопствено учество во подготвителните работи. Капацитетот на градинката е проектиран за 110 деца, со шест занимални, на две нивоа со вкупна површина од 995 квадратни метри.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јоудг „павлина велјанова“министерство за социјална политика демографија и младиопштина кочанисоцијална зграда

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облаци
облаци
1 m/s, E
81%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?