Новата локална власт од овие проекти го спроведе следниве: незаконско зголемување на данокот на градежно земјиште, партиски и семејни вработувања на членови на семејствата на високи функционери, зголемување на цената на водата за пиење, тампонирање на 500 метри изгребан асфалт на магистрален пат Кочани – Делчево – проект на ВМРО – ДПМНЕ, поставување на 150 метри квадратни бекатон плочки, незасконска промена на раководители и директори на локално ниво под присила, уцена и закана, незаконска промена на членови на упрацвни одбори и училишни одбори, политички прогон на политички неистомисленици.
За капиталните проекти кои се од суштинско значење за животот на граѓаните на општина Колчани се уште не слушнавме. Продолжување на стопираните активности на проектот брана Речани, проектот ескпресен пат Штип – Кочани и други веќе отпочнати проекти.
Овие 100 дена споредени со 100-те дена на ВМРО-ДПМНЕ изгледаа вака:
– Намалување на данокот на градежно земјиште за 25 проценти, изградба и осветлување на повеќенаменско игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, распишување на конкурс за изградба на фонтана и паркинг простор над кочанска река за решавање на сообраќајнниот метеж, замена на старите прозорци со нови во основните училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, реновирање на мостот на Оризарска река и проширување и осветлување на влезот на населбата Оризари, попис и замена на електричните уличн светилки во периферните реони на Кочани, отпочната акција за изградба на потпорни ѕидови и многу други проекти, рече Кирил Георгиев, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи будно да ја следи работата на локалната власт во наредниот период а останува на граѓаните да дадат оценка за тоа кој гради и кој партиципира демократија, беше речено на пресот.
Т. Велкова
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.