Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пречистителната станица за отпадни води – Кочани доби дозвола да го продава произведениот компост

автор: Т. Ајтовски
4 април, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Пречистителната станица за отпадни води – Кочани доби дозвола да го продава произведениот компост

Компостот што го произведува станицата за пречистување на отпадните води на КЈП „Водовод“ од Кочани е внесен во Регистерот на производители на ѓубрива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што легално ќе почне да се продава како подобрувач на својствата на почвата.

На работилницата “Употреба на органско ѓубриво – компост во земјоделството“, што денеска се одржа во Кочани, беше истакнато дека пречистителната станица кај кочанското село Мојанци е прва во државата која целосно ја искористува отпадната тиња од филтрирањето на водата и добива корисен продукт за земјоделското производство.

-Нашата станица е една од најголемите и најмодерните во државата, со голем број процеси за третирање на отпадните води, а крајна фаза е добивањето на компостот. Покрај тињата, се користи и сламата од оризот што се собира од полињата, па наместо да се пали по завршувањето на жетвата, сега има нова употребна вредност. Со тоа го заокружуваме целиот процес за пречистување и со него имаме нула отпад. За да се дојде до овој производ постапката за испитување на компостот почна од 2020 година, а од микробиолошките и физичко-хемиските лабораториски анализи добивме позитивни резултати, истакна Радостина Стоилковска, раководителка на Станицата за пречистување на отпадните води.

Испитувањата на карактеристиките на компостот во изминатите четири години ги правеше лабораторијата за анализа на почви и ѓубрива на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

-Во европски и светски рамки проблем претставува отпадот од пречистителните станици затоа што постојано се трупа огромна количина тиња, којашто има голема органска и енергетска вредност. Тресетот, односно компостот таму се користи за подобрување на својствата на почвата со лош механички состав, односно за зголемување на содржината на органска материја и намалување на лепливоста на самата почва. Кај нас, Министерството за животна средина има правилник со кој се регулира за кои земјоделски култури, во кој временски период и колкава количина треба да се користи од компостот добиен во пречистителните станици. Сето тоа зависи и од анализата на примероци од почвата, истакна Миле Маркоски, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Сламата од оризот што се користи во процесот на филтрација на фекалните води од градската канализација се меша со отпадна тиња и дневно се произведуваат по околу 26 кубни метри висококвалитетен компост. Како нуспроизвод од ферментацијата се добива и метан, што заедно со поставените фотоволтаични панели, служи за затоплување и за производство на електрична енергија за потребите за станицата за пречистиување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“компостпречистителна станица за отпадни води

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“
Кочани

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Токму...

прочитај повеќе
Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани
Кочани

Словенечките Ротари клубови од Целје и Љубљана ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на последиците од трагичниот пожар во Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 мај, 2025
0

Ротари клубот Кочани-Виница потпиша договор за соработка со партнерските Ротари клубови од Целје и Љубљана во Република Словенија, со што тие ќе обезбедат долгорочна поддршка за намалување на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 19, 2025 - пон
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NE
76%
765.82 mmHg
mon05/19 tue05/20 wed05/21 thu05/22 fri05/23
чисто небо
22/11°C
чисто небо
22/11°C
облачно
23/14°C
неколку облаци
22/14°C
одвоени облаци
24/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?