Општина Кочани, нагласи Илијев, е заинтересирана да им помогне на сите свои граѓани, без разлика на етничката, верската или каква било друга припадност, а притоа важна улога има невладиниот сектор, за што е неопходна координација и заедничко дејствување.
На средбата беа истакнати одделни прашања во врска со интегрирањето на младите Роми во системот на образованието од предучилишна и училишна возраст, проблемите со домувањето и социјалната заштита, изградбата на комунална инфраструктура и улици, како и за заштита на животната средина и обезбедување повисоко ниво на хигиена, посебно во населбите каде живеат Ромите.
Преставниците на невладините здруженија изразија подготвеност да соработуваат со Локалната самоуправа, а во знак на благодарност за досегашната поддршка за нивното работење, на градоначалникот Илијев му доделија пригодна плакета.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=zD3ntGyMn6Y
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.