Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Признанието најдобар спортист на Виница за 2024 година за кикбоксерот Лука Змејкоски

автор: Т. Ајтовски
24 февруари, 2025
во Регион, Спорт
време на читање: 3 мин.
A A
Признанието најдобар спортист на Виница за 2024 година за кикбоксерот Лука Змејкоски

Трета година по ред кикбоксерот Лука Змејкоски, член на кикбокс клубот „Лидер“, го доби признанието за најдобар спортист на општина Виница за 2024 година.

На манифестацијата „Спортски асови“ што вечерва ја организираше Општина Виница, беа доделени повеќе награди и признанија за спортистите и екипите кои постигнале забележителни резултати.

-Сакам да им честитам за постигањата на нашите спортисти во 2024 година, за што сме многу горди горди, бидејќи на ваков начин го промовираат спортскиот дух и спортската култура, а со тоа ги мотивираат младите да се занимаваат со спорт. Општина Виница отсекогаш имала добри спортисти кои низ времето оставиле трајни вредности, на кои и денес се гордееме. И денес имаме спортисти кои постигнуваат значајни резултати и се вистински промотори на општината во земјата и странство. Радува фактот што голем број млади активно се занимаваат со спорт, почнувајќи од училишните спортски екипи, па сè до клубовите кои се натпреваруваат во домашните првенства и на меѓународни натпревари, истакна Миле Петков, градоначалник на Виница.

Кикбоксерот Змејкоски го освои првото место на Државното првенство, а на врвот е и на меѓународната сцена што пред неколку дена го потврди со освојувањето на златниот медал на Европскиот кикбокс куп во Бугарија.

– Предизвик ми беше да ја задржам мојата позиција на светската ранг  листа, тоа е местото број еден. Сега сум на првото место и се надевам дека таму ќе останам. Имав тешки противници во Бугарија, со бугарскиот кикбоксер во полуфиналето не беше тешко оти тој не беше искусен, но во финалето противникот од Молдавија беше доста искусен, а потврда е што три пати е европски шампион. За наредниот период се надевам дека во април ќе настапам во Сараево на Европски куп, во мај има натпревар во Загреб, а летово има и Европско првенство. Можам да кажам дека во мојата категорија има доста тешки противници од скоро сите земји во светот, истакна Змејкоски.

Признанието за најдобар тренер, четврта година по ред, му припадна на Дарко Гоцевски од кикбокс клубот „Лидер“, кој е и најзаслужен за успехот на Змејкоски.

-Оваа награда е мотивација за да продолжиме понатаму со успесите, да продолжиме да градиме млади и здрави спортисти и да остваруваат резултати. Со успехот на Лука кикбоксот добива сѐ повеќе на популарност, еве во последните неколку години можеме да кажеме дека тој е спорт број еден во Македонија. Лука оваа година оствари извонреден резултат, зема второ место на Светското јуниорско првенство, а моментално се наоѓа на првата позиција на ранг листата. Отворивме секција и во Кочани, сакаме младите да почнат да спортуваат, да остваруваат резултати, а групата таму ни работи во понеделник, среда и четврток од 20:15 часот и апелираме кој сака да дојде да спортува, истакна Гоцевски.

Фудбалскиот ветеран Драгослав Здравков, кој сѐ уште е активен член на „Слога 1934“, доби признание за особен придонес во развојот на фудбалот во општината.

Зоран Васевски од ФК „Слога“ доби награда за најдобар спортски работник, а во образложението беше нагласено дека тоа е признание за неговиот придонес за развојот на клубот од неговото обновување до денес. Од оправдани причини тој не беше присутен на доделувањето на признанието, но во писмената порака до присутните нагласи дека паричните средства од наградата ќе ги отстапи на штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби во Виница.

Признание и вредносен ваучер за најдобар млад спортист доби Петар Захариев, член на ФК „Слога 1934“, а за најдобра млада спортистка Стефанија Веселинова од КБК „Лидер“.

ФК „Слога 1934“ е избрана за најдобра во категоријата спортски екипи, а признанија за постигнати високи резултати и промовирање на општината во областа на спортот добија младите спортисти Анастасиј Гоцевски, Нела Петреска, Борис Митревски, Нина Колева и Анастасија Андонова.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кикбокскикбокс клуб „лидер“ - виницалука змејкоскиопштина виницафк „слога 1934“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

КМФ „Фудбал старс Аутовелт“ со 7:1 на домашен терен го совлада КМФ „Конзули“ од Битола, Крстов постигна четири гола
Спорт

КМФ „Фудбал старс Аутовелт“ со 7:1 на домашен терен го совлада КМФ „Конзули“ од Битола, Крстов постигна четири гола

автор: Т. Ајтовски
6 декември, 2025
0

Нова победа од 7:1 и уште три бода прокнижија фудбалерите на КМФ „Фудбал старс Аутовелт“ на домашен терен со што се зацврстуваат во горниот дел на табелата во...

прочитај повеќе
Акција за пошумување во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“ се реализираше на локацијата Врши Дол кај Виница
Регион

Акција за пошумување во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“ се реализираше на локацијата Врши Дол кај Виница

автор: Т. Ајтовски
4 декември, 2025
0

Во рамки на проектот „Зелен волонтеризам“, Општинската организација на Црвен крст - Виница заедно со Доброволното противпожарно друштво Виница организираше еколошка акција за пошумување. Волонтери од Организацијата и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 9, 2025 - вто
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
77%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?