КУД „Руен“ од Кочани учествуваше на Меѓународниот фестивал „Хоро крај Пирина“ во Бугарија. На фестивалот учествуваа и се натпреваруваа 30 ансамбли.
Членовите на КУД „Руен“ освоиjа диплома за учество, диплома за трето место, пехар за трето место и специјална награда, односно плакета за одлично претставување.
Честа да се биде дел од овој фестивал за фолклористите претставува дополнителен мотив и понатаму да продолжат да ја негуваат старата македонска традиција.
КУД „Руен“ функционира 37 години и ги негува кочанските песни, ора, обичаи, адети. Доказ за нивната 37-годишна работа е учеството на повеќе фестивали како во земјава, така и надвор од нејзините рамки.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.