По повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст – Кочани, во салата на Мултикултурниот центар реализираше средба со најдобрите крводарители од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.
На лицата кои имаат повеќе пати дарувано крв им беа доделени признанија за придонесот во спасувањето на човечки животи.
-Денеска доделивме награди на оние кои имаат дарувано 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати крв. Имаме повеќе луѓе во нашата општина што имаат дарувано повеќе од 100 пати и упатувам голем поздрав до нив. Овој ден служи и да се истакне важноста за крводарителството затоа што без нив неможеме да спасуваме човечки животи. Минатата година помина доста успешно и ги реализиравеме сите крводарителски акции што беа планирани, истакна Анета Коцева, секретарка во ОО Црвен крст – Кочани.

Годинава признанието за рекордер крводарител му беше доделено на Боро Спасов од населбата Оризари.
-Јас прв пат крв дарував во војската, а и мојата цела фамилија дарува крв. Препорачувам на младите, сите кои се во можност да станат дел од големото крводарителско семејство, рече крводарителот Спасов.
Признанија и благодарници беа доделени и на подржувачите на Општинската организација на Црвен крст – Кочани, односно на Службата за трансфузиона медицина, Одделението за внатрешни работи, двете средни училишта, како и на Територијалната противпожарна единица и Доброволното поротивпожарно друштво – Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.