За изработка на овие украси употребувам разни материјали, вештачки и суви цветови, бисери, филџани и слично, се што е ми дава инспирација за работа. Затоа ги молам сите хумани луѓе, фирми и други локали и ресторани каде што ќе им се потребни украси да си купат и со тоа да ја покажат својата хуманост, рече Наташа Стојанова, мајка на Андреј Стојанов.
Дека е точна изреката „ако се сака се се може“ покажува токму постапката на Наташа Стојанова која што сама без никаква помош се бори во животот за да го исправи својот син. Оди на работа, се снаоѓа сама околу грижата на синот на кој што заради болеста му е потребна 24 часовна нега, и на сето тоа наоѓа време да ги изработи овие украси водена од непрекинатата желба да му помогне на синот да ги собере парите за лекување во Русија кое што пак треба да му овозможи подобрување на квалитетот на живот. Се надева дека упорноста ќе се исплати и дека ќе има хумани луѓе, но и фирми, ресторани или кафе барови, кои ќе сакаат да купат од рачно изработените украси и вазни и со тоа ќе ја покажат својата хуманост и ќе му помогнат на нејзиниот син.
Украсите може да се порачаат во инбокс на фејзбук страната на Наташа Стојанова, како и на телефонскиот број 078 272 804. Овие украси ќе бидат изложени и на штанд што ќе биде отворен по повод празникот на градот Петровден. Инаку, за Андреј Стојанов се уште може да се донира на телефонските броеви на Т- мобиле 070 143 110 и на ВИП (без префикс) 143 480, како и на жиро сметката за донации во Тутунска банка 210-700000623361.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=gIFd62P6XxU
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.